Пронајдени гробови на вампири во Полска
Археолозите од Полска дојдоа до интересно откритие. Тие при едно ископување случајно открија гробови на вампири.
Се работи за необични рушевини за кои археолозите откриле дека се гробови на вампири или барем на оние кои во минатото биле осомничени дека се тоа.
Во гробовите се пронајдени костури со откината глава, а гробовите биле оставени многу длабоко, веројатно за да вампирите не успеат да излезат од своите гробови.