Соработничката на Нечас ослободена од притвор
Јана Нагиова, шеф на Кабинетот на поранешниот чешки премиер Петр Нечас, која заврши во притвор за организирање корупциски криминал и незаконско прислушување, денеска е ослободена, јави МИА.
Од притвор ќе излезат и поранешниот Шеф на Военото разузнавање, Ондреј Паленик и екс заменик- министерот Роман Бочек, а оваа одлука доаѓа по нивната поднесена жалба.
Нагиова е обвинета за злоупотреба на службената должнист и поткуп на службени лица.
Инаку, по избувнувањето на корупциската афера, Нечас под притисок поднесе оставка.