Влезниците за натпреварот Вардар-Стеауа пуштени во продажба

Од денеска се пуштени во употреба влезниците за дуелот Вардар-Стеауа кој ќе се одигра на националната арена Филип Втори, на 23 јули во 20 часот и 45 минути.

 Билетите ќе се продаваат по цена од 150 денари за Северната и за Јужната трибина на „Филип Втори“, и 100 денари за Западната трибина, додека пак источната трибина ќе биде резервирана за гостинските навивачи, кои најавија околу 150 свои фанови.

Билетите во продажба се пуштени од денеска точно напладне во продажниот центар на Југотон во ГТЦ, а наскоро ќе биде активирана продажбата и во салоните на ONE, како и на билетарницата на Филип Втори.

најчитано сега