Ова е најлошата мајка во светот: Го фрлила своето бебе за да и избега на полицијата
Една 23-годишна девојка од Британија може да ја понесе титулата најлоша мајка во светот! Таа го искористила своето тримесечно бебенце како штит при грабеж.
Таа украла облека, а потоа ја сокрила кај него во количка, а откако продавачот забележал дека недостасува облека и била повикана веднаш полиција.
Мајката брзо влегла во својот автомобил каде ја чекал нејзинито сопруг со другите деца, но кога била сопрена од полицаец кој се нашол на паркингот и замолена да излезе од возилото, таа го грабнала бебето, го ставила пред себе и им рекла дека прво ќе мора да пукаат во него. Потоа, започнала да бега, а кога еден полицаец тгнал по неа, му го фрлила бебето и продолжила,.
За среќа, се поминало добро, бебето е неповредено, а девојката била совладана и го признала делото во полиција. Според нејзините зборови, таа била пијана па затоа и постапила така.