Денеска во овие скопски кафулиња може да се напиете бесплатно кафе

 

Поезијата - експлозија на емоции која инспирира и поврзува. На 21ви март, Македонија за светскиот ден на поезијата по втор пат се приклучува на глобалната кампања на Јулиус Мајнл, Плати со Поезија. 

Љубители на доброто кафе, вкусните чајни ароми и убавиот пишан збор, Јулиус Мајнл повторно ве поканува да бидете дел од светската традиција. 

Оваа година, сите љубители на кафе и чај се добредојдени во Венето во Скопје Сити Мол, Паладиум во Капиштец, Наргиле во Чаршија, Дион на Кеј и Баду во Порта Влае. 

Напишете поема и добијте шанса да го платите своето кафе или чај со неколку стиха. Загарантирана дружба со реномирани поети. 

Нурнете длабоко во себеси и споделете ги вашите чувства. 

Над 30 земји и повеќе од 1000 кафетерии низ целиот свет. Плати со поезија на 21ви март!



 
 
21.03.2016 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега