Полициски специјалци утрово го запоседнаа Лојане - еве детали за акцијата

Припадници на специјалните полициски единици утрово го запоседнаа кумановско Лојане. Како што дознава Press24 од свои полициски извори, во тек е голема акција за приведување лица вклучени во меѓународни канали за криумчарење мигранти. 

Претрес е направен на десетина објекти каде се пронајдени 30, а приведени 5 мигранти.

Акцијата на специјалните полициски единици започна утринава во 8 часот и 30 минути. 

МВР повеќ информации најавува за подоцна.