Несреќа на филмски сет: Младиот глумец тешко повреден, го прегазил автомобил

Младиот глумец Дилан О'Брајен, ѕвездата на филмската франшиза 'Maze runner' доживеа несреќа на снимањето на новото продолжение 'Maze runner: The death cure'. Глумецот настрадал кога за време на сцената каскадерот ја загубил контролата над автомобилот и буквално го прегазил Дилан.

Глумецот веднаш е префрлен во болница со тешки повреди и повеќе скршеници на коските. Гласноговорникот на продукцијата објави дека снимањето ќе биде прекинато се додека Дилан не се опорави.

 

 
 
18.03.2016 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега