Вонредна состојба во Брисел - жителите не смеат да ги напуштат своите домови

 

Градоначалникот на квартот Моленбек во Брисел нареди вонредна состојба, јавија локални медиуми.

Жителите на квартот не смеат да излегуваат од своите домови или да пристигнат во нив ако се надвор.

Во општината се подготвени услови луѓето да бидат засолнети времено.

 

Причина е антитерористичката операција во квартот каде претходно беше уапсен единствениот преживеан во ноемвриските напади во Париз, терористот Салах Абделслам. Полицијата се подготвува да упадне во објект каде се наоѓа негов соучесник, јавуваат бриселски медиуми.

 
 
18.03.2016 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега