Прекувременото канцелариско работење му штети на срцето

Научниците од Универзитетот во Тексас ги анализирале здравствените картони на 1.900 лица, од кои 43 проценти имале дијагноза на некоја од кардиоваскуларните болести, како ангина пекторис, стеснување на коронарните артерии, висок крвен притисок, срцеви напади и мозочни удари.

Истражувањето покажало дека ризикот за развој на срцеви болести се зголемува со бројот на прекувремени работни часови.

Кај лицата кои работат по 55 часа неделно ризикот за развој на болести на срцето е за 16 проценти поголем, отколку кај оние кои просечно неделно работат по 45 часа.

Уште поголем ризик е евидентиран кај работниците кои во канцеларија поминуваат повеќе од 60 часа неделно.

Резултатите се однесуваат само на лицата кои се во редовен работен однос повеќе од десет години.

 

– Студијата ја докажува поврзаноста на срцевите болести и прекувремената работа, што е доволно да се постават основи за превенција на нивниот развој со промена на работното време. Таков потег кај милиони луѓе ќе резултира со намален ризик од срцеви болести, изјави шефот на истражувачкиот тим Сади Конвеј.

 
 
18.03.2016 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега