Пожар на седми спрат во Белград - има повредени

Избувнал пожар во зграда на улица Отона Жупанчича број 8 во Белград, во кој изгорел стан од 70 квадрати на седмиот спрат.

Во пожарот е повредена жена во инвалидска количка кој се наоѓала во станот кој го зафатил пожарот, а пожарникар е повреден додека ја изнесувал од станот.

Двајцата се пренесени во Институт за изгореници, и хирургија.

Пожарот бил изгасен, а на лице место биле 27 пожарникари и осум возила.

 

 

 
 
18.03.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега