Јанева нема да оди да го објаснува извештајот на денешната седница во Советот на обвинители
Членовите на Советот на обвинители, на денешната седница ќе мора сами да го разгледуваат извештајот за работата на Специјалното обвинителство, без присуство на јавната обвинителка Катица Јанева, од која очекувале да им дава појаснувања за детеалите во извештајот, и да одговара на нивните прашања за тоа, зошто ги посочила во извештајот дека ја кочеле работата на Специјалното обвинителство, пишува СВЕДОК.
Претседтелот Петар Аневски изјавил дека ја поканиле обвинителката Јанева да присуствува и да им даде објаснувања за тврдењата дека и тие ја опструирале работата на Специјалното обвинителство, но и да ги соочеле со Марко Зврлевски, по прашањето за надлежноста врз предметите Маѓар Телеком, Верушевски, Заев, па потоа да донеле одлука кое обвинителство е надлежно, специјалното или „обичното“.
Од Специјалното јавно обвинителство за Сведок потврдија дека Катица Јанева денеска нема да оди на седницата на Советот на обвинители бидејќи во законот е наведено дека се доставува извештајот и нема законска обврска да се брани, ниту пак до сега имало пракса некој обвинител да го дообјаснувал или бранел извештајот за работа пред Советот на обвинители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа