Погребана средношколката Драгана - "ќерко носи ме со тебе" лелеци од болка
Ученичката која падна од прозорец на училиште и која неколку дена се бореше за својот живот, но за жал им подлегна на повредите, беше испратена во вечното живеалиште. Тажната тишина од време на време ја прекинувале лелеците од болка на мајката на 16-годишната Драгана Миленковиќ, која на 1 Март за време на малиот одмор во средното трговско училиште, падна од прозорец од трети спрат на тротоарот пред школото.
Нејзиното семејство, роднини, другари и соученици ја испратија во вечниот дом и и кажаа последно збогум.
- Беше мила и добра девојка, полна со младост и енергија. На секој кој ја познаваше денеска му гори срцето од тага. Нека и полетуваат рајски птици од гробот бидејќи тоа го заслужи, кажа во својот тажен говор другар на ученичката.
Лелеците на нејзината мајка, браќата и сестрите, никого не оставија рамнодушен во моментот кога ковчегот беше спуштен во земја.
- Земи ја мајка ти ќерко да те излекува, не оди сама таму, викала мајката.
Навистина потресно. Нека почива во мир!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа