Промотивни видеа за Програмата за зачувување на природата во Македонија
Промотивни видеа од Програмата за зачувување на природата во Македонија ќе бидат презентирани денеска во кино „Фросина“.
Целта на програмата е да се помогне Македонија да ја зачува билошката разновидносот и природните екосистеми преку нивно одржливо управување и користење. Програмата е со активности на национално, регионално и локално ниво, со посебен фокус кон сливот на река Брегалница и Источниот плански регион.
Изработката на програмата ѝ помага на Република Македонија во остварување на барањата на NATURA 2000, еден од предусловите за членство во ЕУ.
Центарот за развој на Источен плански регион е стратешки партнер на Програмата, а реализацијата на програмските активности е во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, општините кои гравитираат кон Брегалничкиот слив, Агенцијата за планирање на просторот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Шумарскиот факултет во Скопје.
На презентацијата ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири. Најавени се обраќања и на Сибил Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија во Македонија, Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани, Драгица Здравева директор на Центарот за развој на Источен плански регион и Марјана Шушлевска, национален тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа