Пријателот на Драган Николиќ со емотивна порака: Прости ми што те издавам но...
Жарко Лаушевиќ, големиот пријател на актерот Драган Николиќ кој го загуби животот, на поинаков и емотивен начин се прости од својот долгогодишен пријател.
- Г како Големиот Белград, А гласно како Азбука, како почеток, Г како Господин, А како Антологија на шармот, мерата и вкусот, вака напиша Лаушевиќ и на несекојдневен начин опиша каков шок и тага кај него предизвикала веста за смртта на великанот на Југословенскиот театар и филм, Драган Николиќ.
Тој додава и дека оваа состојба е како некој да фрлил атомска бомба врз Белград, бомба која оставила трајни последици. Штета која никој не може да ја надополни и надомести.
- Сите бевме среќни во негово друштво, секогаш весел и насмеан, уживавме во неговите досетки, бевме навистина привилегирани, вели неговиот пријател.
Ги трогна фановите со следната реченица: - Извини што те издавам Гаго, но не познавам друг човек кој беше како тебе и како Милена кој толку делел и давал. Љубов за себе и сите околу. Наше е само она што им го даваме на другите од нас. Да, тоа го рече еден голем Христијанин, но е за тебе. Прости ми Милена, Прости ми Гаго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа