Претседателот Иванов на презентација на Природно-математичкиот факултет во Скопје

Денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе ја посети Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

За време на посетата ќе се одржи презентација на библиотеката посветена на скопскиот катастрофален земјотрес од 26 јули 1963 година.

Пред претседателот Иванов ќе биде претставена работата на  Сеизмолошката опсерваторија, преку прикажување инструменти, компјутерска опрема, карти и други материјали.

најчитано сега