Собранието ќе ја одржи 97.седница

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 97.седница ќе ги разгледа измените и дополнувањата на законите за научно - истражувачката дејност, за иновациската дејност, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за здруженија и фондации, за спортот, за медијација, за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, сите по скратена постaпка.

На дневен ред на седницата се и измените и дополнувањата на законите за управната инспекција, за електронско управување, за архивски материјал, за организација и работа на органите на државната управа, за инспекциски надзор, за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за лековите и медицинските средства, за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за минерални суровини, за енергетика, за трговија, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе ги разгледаат и измените на законите за стандардизација, за индустриска сопственост, за Државен пазарен инспекторат, за заштита на топографијата на интегралните кола, како и измените и дополнувањата на законите за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, за туристичката дејност, за контрола на предмети од скапоцени метали, за градежните производи, за метрологијата, за техничката инспекција, за акредитација, за заштита на конкуренцијата, за безбедност на производите, сите по скратена постапка.

Во рамки на седницата треба да бидат разгледани и измените и дополнувањата на законите за угостителската дејност, за шумарска и ловна инспекција, за ветеринарно-медицински препарати, за нус производи од животинско потекло, за земјоделство и рурален развој, за идентификација и регистрација на животните, за безбедност на храната за животни, за заштита и благосостојба на животните, за ветеринарно здравство, за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, за водите, за матичен број, за гранична контрола, за оружјето, за личното име, за азил и привремена заштита, за детективската дејност, сите по скратена постапка...

 
 
15.03.2016 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега