Најново ВОЗНЕМИРУВАЧКО видео во кое се прикажуваат последните моменти пред експлозијата во Анкара и по неа

Погледнете го моментот кога вчера во Анкара автомобил бомба направи хорор во кој загинаа 37 лица. Во страотната експлозија која го потресе светот, има околу 100 повредени лица. 

Меѓу жртвите има најмалку еден од двајцата напаѓачи кои го извршиле терористичкиот напад, обелодени турскиот министер за здравство, Mehmet Muezinoglu. Како што пренесе Ројтерс, најверојатно се работи за самоубиствен бомбашки напад. 

Експлозијата синоќа одекна во близина на централниот парк, во 18 часот и 35 минути. Во близина се наоѓа и зградата на Министрството за образование, пренесе турскиот Хуриет.

Паника, вресови, сурени, голем број полицајци и амбулантни возила имало на местото на настанот. Меѓу повредените, многумина се во тешка состојба и се борат за живот.

Napad u AnkariВознемирувачкото видео прикажува десетина лица како мирно шетаат по улицата, а потоа следи експлозија која се разнела.
Во терористичкиот напад кој се случил вчера во Анкара починале 37 лица додека повеќе од 100 се повредени.

Како што тврдат турските власти, бомбата највероватно ја активирала жена, бомбаш самоубиец, на автобуската станица.

 

 
 
14.03.2016 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега