Утре протест за поддршка на институциите

ГРОМ за утре најави мирен собир кај Обвинителството за поддршка на институциите. Градската организација на партијата ги повика сите граѓани кои се загрижени со постојаните напади и непочитувања на судски одлуки и работата на Врховен и уставен суд да ја дадат нивната подршка.

Од ГРОМ велат дека ако нема институции нема да има и држава.

-Нема посрамен чин од нападите на суверенитетот. Ова е сериозен преседан и некој сака државата да ја доведе во тотален хаос и анархија. Утре ги повикуваме сите граѓани да дојдат во 18 часот и да дадеме подршка на институциите, вели Александар Трајановски, претседател на ГРОМ во Скопје.

Лидерот на ГРОМ вели дека високи партиски функционери не почитуваат одлуки на институции и нападите се политички мотивирани. Според него, утрешниот собир не е контра протест туку тие се за поддршка на институциите.

-За ослободување, бидејќи никој да не работи под притисок туку по словото на законот, вели Стевчо Јакимовски лидер на ГРОМ. Од ГРОМ се децидни дека институциите не смеат да работат под притисок, посебно не политички.

 
 
14.03.2016 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега