Груевски: Продолжува изградбата и реконструкцијата на болниците

Болницата во Куманово ќе добие нов ургентен центар, а ќе се реконструираат и Струмичката болница и болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за гинекологија и акушерство каде е отворена нова лабораторија, Груевски рече дека се работи за сериозен проект за изградба и реконструкција на болници за кои се инвестираат вкупно 70 милиони евра, од кои досега се потрошени 63 милиони евра.

- Тоа е сериозен инвестициски циклус. Во многу од овие болници ова е и прва реконструкција откако тие се изградени по повеќе години, така што значително ќе ги подобрат условите и за вработените и за граѓаните кои имаат потреба од здравствени услуги, односно за оние коишто лежат во болниците и за оние кои доаѓаат за терапии или слично, изјави Груевски.

Тој посочи дека во моментот се вршат реконструкции и градби на повеќе болници во државата, тргнувајќи од Штипската болница која се гради од темел, потоа реконструкцијата на Битолската болница и болницата во Прилеп. Започната е и реконструкцијата на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид и на болницата во Кичево.

 
 
14.03.2016 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега