Прогласени најдобрите маски на Струмичкиот карневал

Стручното жири на Струмичкиот карневал ги прогласи најдобрите маски на годинaшното издание. Во шест категории се натпреваруваа 26 групни и поединечни маски. Вкупниот награден фонд изнесува 6.850 евра. Во Категоријата Групна маска над 50 лица, првото место освои „Феникс“ на карневалската група Мулен руж.

Во категорија Б, групна маска од 30 до 50 лица, првото место го освои темата „Момички со кломпички„ на карневалската група „Ѕвезден град„. Во категоријата В, групна маска од 20-30 лица, првото место го освои „Здивот на животот„ на групата Ефтимови, а во категоријата Г (маска од 10-20 лица) за најдобра беше прогласена маската „Окото на бескрајната љубов“ на групата Мулен Руж. Во категоријата Д( групна маска од 5-10 лица) немаше натреварувачи, а во последната Категорија Ѓ (од 1 до 5 лица) за најдобра беше прогласена Мис Вордл на Ратевски бамбурци.

- Седумчленото жири имаше тешка работа. За да ги одбериме најдобрите мнаски, клучни беа идејата, креацијата шо можеби е и најтешкиот дел, кореографијата и начинот на кој се претставува маската пред јавноста. И оваа година имавме врвни креации, рече претседателот на жири комисијата Александар Филев.

Наградени, по редослед, се маските: за категорија А: групна маска со 50 и повеќе лица: прва награда, маска со реден број 607 „Феникс“, Мулен руж - Струмица, во висина од 1.000 евра во денарска противвредност, 2-ра награда, маска со реден број 606 „Вечна игра“, СОУ „Димитар Влахов“, во висина од 900 евра во денарска противвредност, 3-та награда, маска со реден број 605 „Боите на Бојата“, СОУ „Јане Сандански„, во висина од 800 евра во денарска противввредност.

Поради високиот квалитет на маските во оваа категорија Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал доделува две дополнителни награди од по 400 евра на следните маски: Маска со реден број 608 „Зимска Бајка“, СОУ „Никола Карев“ Струмица и маска со реден број 601 „Пудлици“ ООУ „Гоце Делчев“ Василево.

Во категорија Б, групна маска со 30 до 50 лица добитници се: прва награда,маска со реден број 507 „Момички со кломпички“ – Звезден град – Струмица, во висина од 600 евра во денарска противвредност, втора награда, маска со реден број 504 “Везилка“ Здружение Струма- Струмица, во висина од 500 евра во денарска противвредност, трета награда, маска со реден број 505 “Во светот на бубалките’ , Студио модерна балет Газели, во висина од 400 евра.

наградени во категорија В Групна маска со 20 до 30 лица се: прва награда, маска со реден број 402 „Здивот на животот“, Ефтимови-Струмица, во висина од 500 евра во денарска противвредност, втора награда, маска со реден број 404 „Големиот бал на малите барони“, ООУ „Сандо Масев“ Струмица, во висина од 400 евра во денарска противвредност, трета награда со реден број 403 „Бал на месечина“ ООУ „Никола Карев“ Пробиштип, во висина од 300 вера во денари. 

 Во категоријата Г, групна маска од 10 до 20 лица, освоија прва награда, маска под ред.број 302 „Окото на бескрајната љубов“ „Мулен руж“ Струмица, во висина од 400 евра во денарска противвредност, втора награда, маска со реден број 301 „Пајакот тарантула“ Кико Стил, во висина од 300 евра во денарска противвредност, трета награда макска со реден број 303 „Алиса во земјата на чудата“, Струмички Викинзи во висина од 200 евра во денарска противвредност, додека во категорија Д, групна маска од 5-10 лица не беа пријавени маски. 

Во категоријата Ѓ, поединечна маска од 1 до 5 лица, прва награда доби маската под реден број 103 „ Мис Ворлд“ – ЗЗГ Радтевски Бамбурци, во висина од 100 евра во денарска противвредност, втора маската под реден број 101 „Илузија“ – Thebestforeverво висина од 75 евра во денарска противвредност и трета, маската под реден број 104 „ Струмички каранфил“ Ети-Декор, во висина од 50 евра во денарска противвредност

 
 
14.03.2016 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега