Започна втората фаза од реконструкцијата на Блок А од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Започна втората фаза од реконструкцијата на Блок А од студентскиот дом “Гоце Делчев“, со што се продолжуваат инвестициите во насока на подобрување на условите на студентите кои што живеат во овој студентски дом

Министерот и заменик министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми и Спиро Ристовски, денеска извршија увид на градежните работи кои што започнаа де се одвиваат во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

-Во ноември 2015 година беше завршена целосната реконструкција и опремување на блок Б и сите студенти од Блок А се преместени во новите реконструирани простории. Пред неколку дена започна целосната реконструкција на блок А. Вредноста е околу 1,5 милиони евра а рок за изведба е 6 месеци, појасни Адеми.

studentski-goce3

Реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ продолжува и понатаму. Имено, техничката документација за целосна реконструкција на Блок В и Г, мензата и партерното уредување на комплексот.

-Веќе е започната процедура за изградба на два нови студентски домови: студентскиот дом „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје и студентскиот дом во Државниот универзитет во Тетово. Двата студентски домови ќе имаат капацитети од 300 односно 350 студенти. Отворањето на документацијата е закажана за 19 април, рече Адеми.

studentski-goce1

Започната е и постапка за снабдување на студентските домови со нови лифтови, вкупно 8 од кои за студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ 2 за „Никола Карев“ во Охрид еден лифт  а за студентскиот дом „Хоце Делечв“ еден лифт и за „Пелагонија“ 4 лифтови.

Покрај тоа, ќе биде набавен и мебел за сите студентски домови во Република Македонија.

 
 
11.03.2016 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега