И годинава спасувачи на плажа ќе се грижат за капачите во Струга
Концесионерите на струшките плажи и годинава во соработка со Црвениот крст обезбедија спасители, кои во текот на целиот ден се грижат за безбедноста на капачите.
Согласно обврските за концесија, сопствениците, како што информира концесионерот Боро Симјаноски, на плажите имаат направена специјална кула од каде спасителите може да ја набљудуваат цела плажа.
- Оваа година како и минатата со Црвениот крст постигнавме договор и ангажиравме спасители кои се грижат за безбедноста на плажата и досега не сме имале проблеми со капачите. Безбедноста е евидентна, плажата е оградена, спасителите се тука, истакна Симјаноски.
Бојан Анѓелкоски спасител на плажа, посочи дека нивното присуство е неопходно за сигурност на капачи што не знаат да пливаат.
- На плажата доаѓаат многу туристи кои не знаат да пливаат, а сепак сакаат да пробаат да одат подалеку. Спасителите им влеваат голема сигурност и надеж за слободно да се бањаат и рекреираат. Ги поминавме сите обуки. Оваа година речиси сите плажи во Струга се покриени со спасители и барам досега немало некој поголем инцидент, нагласи Анѓелкоски.
ФОТО: Денешен