Кастратовиќ: Никогаш не ветив дека ќе атакувам на европскиот трон

Индиреа Кастратовиќ првиот човек на клупата на ЖРК вардар инсистира да се оди чекор по чекор во напредокот на клубот. Таа првенствено сака да ги реши предизвицуте за квалификациите за ЛШ а потоа за следните фази. Никогаш не истакнала дека ќе атакуваат на врвот, исакна Кастратовиќ на денешната прес конференција. 

Нејзин приоритет ќе биде создавањето на хемија меѓу ѕвездите кој пристигнаа во клубот. 

- Секоја од нашите ракометарки е вистински професионалец и знае зашто е дојдена во Скопје. На почетокот најмногу внимание ќе посветиме да ја направиме екипата компактна, да биде тоа една целина, како една фамилија, изјави тренерот на македонскиот шампион.

Спонзорот на клубот Сергеј Самсоненко рече дека Вардар е засилен и повеќе од тоа што го планирал, а за амбициите и тој, како и Кастратовиќ не сакаше да ја каже крајната цел.

- Прво да ги поминеме квалификациите, а пота ќе видиме што понатаму. Тогаш доаѓа групната фаза и следните предизвици. Сега целта е да ги поминеме квалификациите и во тој момент ќе бидеме задоволни со тоа, потенцира Самсоненко.

На пресот Вардар ги претстави новите засилувања: Ана Ѓокиќ, Маја Зебиќ, Алисон Пино, Сираба Дембеле, Татјана Хмирова, Јулија Николиќ, Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ.

Според планот на подготовките, вардараки во Скопје ќе тренираат до понеделник. Од 22 јули до 2 август екипата ќе биде на подготовки на Златибор, а потоа повторно се враќа во Скопје. Од 12 до 21 август подготовките продолжуваат во Пореч, Хрватска, а оттаму екипата ќе замине на турнир во Ѓер, Унгарија (21-25 август).

Првиот официјален натпревар во новата сезона ЖРК Вардар СЦБТ ќе го одигра на 1 септември против Крим Меркатор во Љубљана во 1.коло од Регионалната лига.

 

На 14 и на 15 септември вардарки во Италија ги очекува настапот во квалификациите за Лигата на шампионите во групата со Салерно, Ростов-Дон и Флери Луар.

најчитано сега