ЗНМ, ССНМ, МИМ и СРМ: Да се повлече законот за медиуми

 

Денеска ЗНМ, МИМ, ССНм и СРМ бараат предлог-законот за медиуми да се повлече затоа што нема потреба од него, а Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се коригира согласно забелешките на домашните и странските институции.

Како што истакна на денешната заедничка прес-конференција на овие здруженија Насер Селмани од ЗНМ, оваа нова медиумска регулатива, односно овие два Предлог-закона кои неделава беа усвоени во Владата, не се во духот на европските стандарди бидејќи не се вградени суштинските забелешки.Како главна забелешка Селмани ги наведе независноста на регулаторното тело, односно Агенцијата за медиуми бидејќи, вели, мнозинството од членовите на Советот при ова тело ги предлагаат политички институции - Собранието и ЗЕЛС. Не е прифатена, додава, сугестијата на експертот на Советот на Европа номинацијата и изборот на членовите на Советот од собраниската Комисија за избори и именувања да се врши со двотретинско мнозинство, а уште посилно политичко влијание, посочува тој, има околу номинацијата на членовите на Советот на МРТ кој брои 13 члена од кои 10 предлагаат политички и јавни институции. Со тоа, посочува Селмани, се намалуваат МРТ да прерасне во вистински јавен сервис на граѓаните. Не е регулирано ниту прашањето за исправка и одговор согласно европската директива за аудиовизуелни услуги, а не е запазен и принципот на пропорционалност во делот на казнени одредби.  

ФОТО: Радиомоф

најчитано сега