Имотот на Св. Петка останува на Асоцијацијата

 

Имотот на црквата Св. Петка во Рокдаил, Австралија, ниту некогаш бил регистриран како имот на МПЦ, ниту пак сега ќе биде, бидејќи МПЦ не е правно лице во Австралија. Македонаката црковна заедница во Австралија реагира на денешната прес-конференција на Администраторот Австралиско-новозеландски, г. Петар, во кој тој тврди дека по 16 години конечно е завршен црковниот спор во Австралија во негова полза. Претстедателот на здружението на македонски црковни заедници во Австралија, Игор Аврамовски Александров, за Прес24 вели дека Петар манипулира со пресудата. 

-Имотот на МПЦО Св. Петка никогаш не бил сопственост на МПЦ, затоа што МПЦ не може да биде сопственик на имот во Австралија ако не е локално регистрирана како правно лице. Затоа никаде во пресудата не пишува дека МПЦ некогаш била сопственик на имотот, или дека од сега натаму ќе биде. Петар изгуби безмалку по секоја точка од неговата жалба против претходните пресуди на судот, иако во Македонија воопшто не кажува дека поднел жалба. Имотите на Св. Петка остануваат законска сопственост на асоцијацијата, односно здружението на граѓани, регистрирано како Македонска православна народна црква Св. Петка. Веројатно ќе има жалба сега и пред Врховниот суд на Австралија, вели Александров, потенцирајќи дека Св Петка ја изгубила жалбата по претходните пресуди дека немала право да го разреши попот Митко Митрев и дека Петар и неговиот поп можат, а имаат краен збор за тоа кој може, а кој не може да биде член на асоцијацијата.

-Се очекува Петар да го злоупотреби тоа право за да ги протера актуелните членови, да прими свои послушници, кои никогаш ништо не придонеле за црквата, па тие да донесат резолуција со која имотот ќе се префрли на личните имиња на Петар и од него назначени косопственици, како старатели. Ова се коси со уставот на МПЦ, кој предвидува црковните општини во дијаспората да бидат посебни правни лица, што значи во свое име да поседуваат имоти, без да им треба приватни лица да бидат старатели на имотот, вели Александров

Инаку, во врска со трошоците, страната на владиката Петар изгубила по точката адвокатските трошоци да ги плаќаат поединечни членови на управата. Трошоците, како што стои во пресудата сега ќе треба да ги делат тужителите и општината, односно асоцијацијата. Тоа практично значи дека дека сите трошоци остануваат на грбот на МПЦ.

- Она што е најголем пораз за Петар, но и за целата МПЦ, е што споре пресудата на апелацискиот Суд на Нов Јужен Велз, мултимилионските адвокатски трошоци на двете страни ќе останат на грбот на општината и на Петар Каревски и Митко Митрев, што значи дека на крајот ќе ги платат верниците на МПЦ во Австралија. А Петар досега го заведуваше Синодот дека неговите трошоци ќе мора да ги надоместат поединечните членови од управата на општината, вели Алчександров.

Од судските спорови во Асвтралија најголема, речиси единстевна корист имаат само адвокатите и судовите. Од тие причини, Александров вели дека Синодот конечно треба да го затвори ова прашање.

-Во прашање се милиони австралиски долари од црковно-народните пари, фрлени за мегаломански и реваншистички тужби на владиката Петар и попот Митко Митрев, кои Синодот можеше да ги избегне со едноставна замена на Петар со друг владика на МПЦ. Ќе дозволи ли Синодот дополнителни стотици илјади долари од парите на МПЦ да се трошат за апел пред Врховниот суд на Австралија или конешно ќе назначи надлежен Митрополит на местото на дискредитираниот времен администратор, Петар Каревски?, прашува Александров

Што точно пишува во пресудата, можете да Видите на следниот линк. Таму јасно се гледа дека страна во спорто не е МПЦ, туку физички лица. Тужители се владиката Петар Каревски и попот Митко Митрев.

(Пресуда)

најчитано сега