СДСМ: Грција е непринципиелна и ја злоупотребува позицијата
Наводите во писмото на премиерот Самарас до премиерот Никола Груевски, оние што се пренесени во медиумите, укажуваат за неконструктивноста на Грција во спорот со Македонија.
За непринципиелноста на грчката страна и злоупотреба на позицијата на членство во ЕУ и НАТО, спротивни на стандардите и принципите на Унијата и Алијансата, неопходно е да бидат запознаени меѓународната заедница и инволвираните во обидите за изнаоѓање решение.
СДСМ инсистира македонскиот државен врв итно да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во Република Македонија. Да ги презентира информациите во каква фаза се преговорите и да ги запознае со позициите на македонската страна во спорот со Грција.
Никој, па ниту премиерот Груевски, претседателот Иванов и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нема право на ексклузивно авторство и на затвореност по ова прашање од суштинско значење за земјата.
(Интегрален текст од соопштение на СДСМ)