Трагедија во Македонија: Мртов маж најден на улица

Во полициската станица во Кичево синоќа во 18 часот и 40 минути било пријавено дека е пронајдено починато лице. Според податоците на полицијата, на локалниот пат кон селото Другово, кон автопатот во изградба Кичево-Охрид, бил пронајден починат 64-годишниот Т.К. од селото. Итната помош која веднаш стигнала на местото на настанот, за жал можела само да констатира смрт. На телото на починатиот немало траги на насилство. 

Увид извршила екипа на полицијата. 

Телото е предадено на обдукција која ќе покаже како настапила смртта.

 

 
 
08.03.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега