Лазаров: Жерновски и СДСМ во тајност одлучија да прераспределат средства од општинскиот буџет во износ од ЕДЕН МИЛИОН денари

Општина Центар повторно далеку од очите на јавноста и на нетранспарентен начин троши пари од општинскиот буџет.

 

          Жерновски и СДСМ во тајност одлучија да прераспределат средства од општинскиот буџет во износ од ЕДЕН МИЛИОН денари и тоа од ставката Јавна чистота во ставката Здруженија на граѓани и фондации.

 

          Граѓаните на општина Центар треба да знаат каде и на каков начин се трошат општинските пари, а не ваквите одлуки да се носат далеку од очите на јавноста во конспиративни услови и во најголема тајност.

 

          Граѓаните на општина Центар имаат право да знаат дека доколку имаат забелешки за хигиената во општина Центар, тоа е затоа што еден милион денари општински пари наместо да се потрошат за јавната чистота ќе се потрошат за организација на деструктивните кампањи и протести зад кои стојат разни невладини здруженија.

 

          На ист ваков начин, нетранспарентно и конспиративно, Жерновски и СДСМ одлучија да градат шест нови спомен обележја.

 

          Јавноста остана без одговор колку ќе чини второто спомен обележје на поранешниот претседател Киро Глигоров, спомен обележјето на „Играчите на Фанта“, на „кројачот Ангелковски“, архитектот Живко Поповски или „Железничката колонија“.

 

          Жерновски и СДСМ објавија дека предлозите за новите споменици во општина Центар дошле како предлог токму на вакви здруженија на граѓани и организации.

 

          Жерновски и СДСМ не им објаснија на граѓаните од Центар зошто се поважни за нашата историја „Играчите на Фанта“ од Гоце Делчев или кој било друг револуционер чии спомен обележја жестоко ги критикуваа.

 

          Жерновски и СДСМ не им објаснија на граѓаните на Центар зошто е поважна „Железничка колонија“ отколку спомен обележјето на АСНОМ.

 

          ВМРО-ДПМНЕ не ја спори одлуката да му се изгради спомен одбележје на „Кројач Ангелковски“, но треба да се размисли и за изградба на спомен одбележја и на други личности кои оставиле печат во живеењето на Скопје и кои заслужуваат минимум еднаков третман како и "играчите на фанта" на Жерновски и СДСМ.

 

          Граѓаните знаат дека за советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно ништо спорно во тоа да им се изградат спомен одбележја на истакнати историски личности или значајни историски настани.

 

 

          Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе го поддржува позитивниот однос на општината кон значајните личности од историјата на македонскиот народ. Јавноста многу добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ преку изградба на спомен обележја им оддаде должна почит на Гоце Делчев, Методија Андонов Ченто, на Павел Шатев и на десетици други кои оставиле траен печат во историјата на Република Македонија.

 
 
07.03.2016 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега