Метеролозите најавуваат невреме во Македонија

 

 Под влијание на влажен бран од Медитеранот утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во вечерните часови, особено во западните и северните делови, и во повеќе места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе има услови за појава на грмежи.

Поради изразено јужно струење преку денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој на места ќе достигнува брзина околу 80 километри на час. Ветерот ќе биде поизразен ќе биде долж Повардарието и во источните делови од земјава.

Во вторник ќе биде претежно стабилно, а потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. е

 
 
06.03.2016 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега