Јолевски во посета на војниците стационирани на јужната граница

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија стационирани на јужната граница.

На котата 59 со Грција се очекува Јолевски да разговара со војниците на АРМ кои ја обезбедуваат границата поради мигрантската криза.

Според податоците на МВР досега на територија на Македонија од Грција од 1 јануари до четвртокот на полноќ биле издадени потврди на вкупно 88. 644 странски државјани. Најбројни се државјаните на Сирија-43.886, Авганистан-26.546 и Ирак-18.209.

Од другата страна на границата во Грција односно во Идомени за влез во Македонија чекаат неколку илјади бегалци.

 
 
05.03.2016 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега