Пешевски се сретна со Томас О. Мелиа, претставник на УСАИД за Европа и Евроазија

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска имаше средба со Томас О. Мелиа, асистент администратор во УСАИД одговорен за проектите во Европа и Евроазија.

На средбата, на која присуствуваа и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли и резидентниот претставник на УСАИД Џејмс Стејн, се дискутираше за досегашната соработка помеѓу Република Македонија и Американската организација за меѓународен развој (УСАИД), која се однесува на економскиот развој и трговската размена.

pesevski-usaid.jpg2

– Беше заклучено дека со реализираните проекти постигнати се добри резултати. Особено беше истакнато дека со реализицијата на проектите се придонесе за поддршка на малите и средните компании и развој на приватниот сектор, развој на земјоделската трговска размена, овозможување полесен пристап до финансии и развојни кредити за македонските компании, како и поддршката која УСАИД ја овозможува во развојот на економските политики на Република Македонија, информира Кабинетот на Пешевски.

pesevski-usaid

Соговорниците истакнале дека има многу можности соработката да се продлабочи и дополнително да се придонесе кон забрзан економски развој на земјата и подобрување на бизнис-климата, особено за малите и средните компании, кои се двигатели на економијата.

 
 
04.03.2016 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега