Дебата на ТВ НОВА: Македонија доживува градежна експанзија

Тројца бизнисмени од градежниот сектор Зоран Азманов, Ванчо Чифлиганец и Роберт Хот вечерва во дебатата на ТВ Нова говореа за состојбите во градежниот сектор, за проектите на владата „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ и економскиот ефект на градежништвото во развојот на економијата во државата како и актуелниот Саем за градежништво во Скопје.

-Градежниот сектор како никогаш досега не бил во подобра кондиција, посебно високоградбата, а сега со мерките на Владата се развива и нискоградбата. Цените во Македонија никогаш не биле напумпани. Под ова ниво може да се оди само со понизок квалитет.  Само во земјите со лоша економија, каде имало премногу нерални цени, како на пример Грција, таму можат нагло да паѓаат. Државата не треба да дозволи да дојде до пад на цените на становите, зошто во Македонија во последнице неколку години има традиција на квалитетна градба со звучна и термоизолација, и под овие цени не може да се оди. Ако паднат цените ќе настане колапс на пазарот, смета бизнисменот Зоран Азманов.

Според неговиот колега од Адора, Ванчо Чифлиганец еснаф во државата има и конкуренцијата е многу добра.

Купувачот може да го препознае квалитетот и неговите апетити мора да се задоволат. Ние пред 5 години почнавме да применуваме енергетска ефикасност. Цената е толку во однос на квалитетот. Мора да се продава квалитетен производ кој ќе трае 100-200 години,  смета Чифлиганец.

Азманов истакна дека има неколку фирми во Македонија кои нудат сигурност и добри гаранции, фирми кои постојат сега и ќе постојат за 50 години, за разлика до странски компании кои лесно можат да заминат и на кои граѓаните не можат да им се обратат ако имаат проблем со купениот објект.

Роберт Хот потенцираше дека владините проекти „Купи куќа, купи стан“ и неговото продолжение „Купи куќа за млади“ овозможува граѓаните да дојдат до свој дом под поволни услови.

-Ние транспарентно ги претставуваме овие проекти пред граѓаните и има голем интерес. Правиме се што треба за малдите да стигнат до свој дом. Во првиот проект се нудеа станови во високоградба, вториот проект им дава друга перспектива за младите луѓе кои досега немале сопствен дом. Се оди на формирање на типски населби бо околината на градот за да се растерети гужвата во градот. Се вклучија општините кои даваат своја локација. Очекувам огромен интерес кај младите и градежна експанзија во околината на Скопје во една еколошки почиста средина. За еден објект од 50.000 евра се даваат субвенции до 32.000 евра. Никаде нема ваков сличен поволен проект, рече Роберт Хот.

Според него цените и градежниот пазар во Македонија е стабилен и членките на градежната комора не очекуваат голем пад на цените на квадратот или други пореметувања во цените на становите.

 
 
03.03.2016 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега