МАЖ, ЖЕНА И ЛЕБ: Без разлика дали сте во брак или не, оваа приказна мора да ја прочитате

Лебот го печеше секое сабајле, тоа била нивна традиција.

Исекла две кришки леб и ги намачкала со путер.

Како и обично, ја фатила кришката од средината да ја даде на сопругот, а за себе да го остави крајчето, но застанала.

Помислила: Денеска славиме 30 години брак, сака за доручек јас да ја јадам кришката од средина. Сонувам за тоа цело време. Бев примерна жена 30 години и ги воспитував нашите синови да бидат добри луѓе. Вложив се за доброто на семејството.

Одлучила на сопругот да му го даде крајчето, но рака и затреперила зошто ја прекинува традицијата долга 30 години.

Мажот го прифатил лебот и рекол: Денеска ми даде преубав поклон, драга. Цели 30 години за доручек не сум јадел корка од леб, која толку ја сакам, затоа што е правично ти да го добиеш тоа што највеќе го сакаш! Ти благодарам!

 

 

 

 
 
02.03.2016 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега