ВИДЕО: Слушнете ја изјавата на дадилката-убиец од Москва

Ѓулчехра Бобокулова (30) целосно ја признала вината за убиството на 4-годишното девојче и се обидела на полицијата да и ја објасни причината за злосторството: се пожалила дека по разводот со нејзиниот прв маж роднините и ги одзеле трите деца.

Од Узбекистан каде што живеела таа пристигнала во Москва пред три години и на препорака од пријатели почнала да работи како дадилка во семејството на убиеното девојче.

Со својот прв маж жената била во брак 12 години, а роднините по разводот и ги одзеле трите деца иЃулчехра ја протерале на улицата.

Пред околу една година Бобокулова се запознала во Москва со друг маж, исто така од Узбекистан и според нејзините зборови, со него се гледале два пати неделно.

Ѓулчехра знаела дека мажот има семејство, но се согласила да стане втора, неофицијална сопруга. Но пред четири месеци љубовникот заминал за татковина и оттогаш дадилката го изгубила контактот со него.

– Немам официјално никаков маж до себе сега, рекла на сослушувањето Бобокулова.

Новинарите дошле до информација од жители на нејзиното село дека жената веќе 15 години е заведена со дијагноза „шизофренија“, болест што од  година во година се почесто и се повторувала на пролет.

 

 
 
01.03.2016 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега