Средношколка падна од прозорец - лекарите на Ургентен во Белград се борат за нејзиниот живот
Хорор предмалку се случил во средно училиште во Белград кога ученичка под засега неразјаснети околности паднала од трети спрат. Несреќното девојче итно било пренесено со возило на Брза помош во Ургентниот центар каде лекарите се борат за нејзиниот живот. Несреќата се случила во средното трговско училиште, а како што пренесува РТС, 17-годишната ученичка паднала меѓу два автомобила и има сериозни повреди. Засега не е познато како дошло до несреќата. Полицијата и вознемирените сведоци се на местото на настанот.
01.03.2016 - 18:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа