Ние сме жени со осмо одделение а тој е доктор: Кој ќе верува дека ми го уби бебето?

 

Сите молчеа бидејќи се плашеа, а и кој ќе ни верува на нас, женисо осмо одделение, кога тој е доктор со достигнувања и диплома? Беа среќни што се живи и тие и бебињата, но овојпат е поинаку, бебето го нема. Вака ја почнува својата приказна една од жените кои преживеале хорор во Гинекологија во Хрватска.

- Сите велеа добро е што ти и бебето сте добри, важно е тоа, другото заборави го, но остануваат трауми, вели несреќната Наташа, додека Валентина вели дека молчела бидејќи не верувала дека некој ќе поверува во нејзината приказна. Таа е жена со осмо одделение, а тој е доктор со диплома.

Матеа требало да донесе здраво дете на свет кое ќе и го промени животот, но наместо тоа се случила трагедија.

- Бебето беше живо кога излезе, потоа сите притрчаа лекари, анестезиолози...По 13 часа не ми го знаеше ни името докторот кој ме породи, родив, а не можев да си го земам детето во прегратка. Кога заѕвоне телефонот рече, таа е добро, но детето е мртво, вели тажната мајка.

Таа потпишала налог за царски рез, но иако тој зафат би го спасил животот на нејзиното бебенце, докторот одбил да го направи. Рекол дека не сака со тоа да се зафркава, но на малку повулгарен начин. 

Мајката вели дека има храброст да застане пред камера и да каже што се случило, иако порано мислела дека никој нема да и верува. Нејзината болка за жал ја делат и други жени кои ги имаат истите трауми, но никогаш не се осудиле да зборуваат за тоа на камера или во медиумите.

- Кога дојдоа моите и прашаа зошто не сум се породила со царски рез докторот рече: Ова не е место за исполнување желби, ова е болница. Потоа ние рековме дека сакаме да си го закопаме детето, барем да има погреб, а тој ладнокрвно рече: Ако имате време и пари за мал гроб каде ќе плачете, во ред. Што не го оставите на некое ѓубриште? Кога рековме дека ќе правиме обдукција праша дали знаеме што всушност значи таа и како се прави. Делуваше како да не сака да се направи бидејќи знае које виновен, вели несреќната мајка Матеа.

Болницата сеуште е без коментар за трагедијата.

За потсетување, мајката во породилиштето дошла во 5 часот наутро кога добила породилни болки. Во 7 часот и 30 минути и го пукнале водењакот и дале контракција. отворена била четири прста, но така останала 13 часа.

Околу 12 часот и 30 минути била отворена 9 прсти и бебето било во ред. Во 16 часот потпишала за царски рез, но докторот не сакал да ја породи на тој начин.

Во 20: 30 вели дека почнал пеколот. Докторот ја терал да скока иако му велела дека и се врти. Ја навредувал, пцуел и викал, па ја стискал по стомакот. Таа родила мртво бебе, иако претходно слушнала како му чука срцето.

 

 

 
 
26.02.2016 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега