Мицковски: Странски фактор ти е опозиција, а опозицијата дреме по кафани и чека друг да ѝ одработи

 

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски со статус на својот ФБ профил даде гледиште за актуелната политичка ситуација, откако меѓународната заедница вчера соопшти дека условите за избори на 24-ти април не се исполнети.

– Је*ем ти држава во која странски фактор ти е опозиција, а опозиција дреме по кафани и чека друг да и одработи, напиша Мицковски.

Новинарот Васко Ефтов пак, смета дека кога во една држава опозицијата е слаба, тогаш политичка опозиција станува меѓународната заедница.

– Тоа не е лошо. Во такви услови на 24 април, на 5 јуни или кога и да бидат изборите – вие како гласачи ќе гласате референдумски: Дали се согласувате со политиката на меѓународната заедница во однос на Македонија!? Како ќе гласате е ваше право. Во каква држава сакате да живеете е исто така ваше право. Но исто така е ваше право на избори да кажете што мислите за лошата или добрата политика на Груевски но и за лошата или добрата политика на амбасадорот Бејли како лидер на политичката опозиција: Меѓународната Заедница. Ова ќе биде еден фин политички вестерн. И да немате дилеми -Македонскиот народ секогаш знае да делува мудро, коментира Ефтов за политичката ситуација на социјалните мрежи.

 
 
22.02.2016 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега