Жителите на Центар, Ѓорче Петров и Аеродром утре ќе бидат без струја
Жителите на општина Центар долж улицата Пролет утре од 09:00 часот до 11:00 часот ќе останат без електрично напојување. До 15:00 часот пак без струја ќе останат жителите од општина Аеродром кој живеат долж илицата Ѓорѓи Капчев - подулиците бр, 2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12,13,14 и 15. Исто така во периодот од 09:30 до 15:30 без струја ќе бидат и корисниците од улицата Арсениј Јовков од општина Ѓорче Петров.