СКАНДАЛ: Осуден педофил претседател на Здружение за заштита на деца од сексуално искористување во Хрватска

 

Голем број негативни рекации предизвика во Хрватска обелоденување дека еден од основачите на здружението што се занимава со заштита на човекови права и заштита на деца од сексуално злоставување е осуден педофил.

Експертите укажуваат дека тој случај покажува дека системот во Хрватска не функционира и оти најголем проблем е во Законот за здруженија кој забранува такво нешто.

Тој во затвор поминал 10 години заради злоставување две девојчиња.

– Претседател сум на Здружението за заштита на човекови права, бев десет години во затвор и осуден бев за злоставување две девојчиња, изјави тој за Нова ТВ.

Според херватски медиуми, станува збор за маж на возраст од 65 години од Бјеловар. Во изјавата тој вели дека не гледа ништо спорно во тоа осуден педофил сега да штити права на деца бидејќи никој од членовите нема контакти со деца.

Според пресудата, мажот од почетокот на 1999 година до летото 2002 година сексуално злоставувал 9-годишно и 5-годишно девојче. Едната сексуално ја искористувал, а со другата имал сексуален однос.

 
 
19.02.2016 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега