Метеоролозите најавуваат температурен шок за викендот

Викендов очекуваме нагла, но краткотрајна пресвртница во однос на временските услови, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Сабота ќе започне со умерена облачност и релативно топло утро. Минималната температура ќе има вредности помеѓу 3°С и 6°С.

Рано попладне се очекува облачноста нагло да се зголеми, а од истата очекуваме бран на врнежи со прогресија од северозапад кон југоисток. Врнежите ќе се интензивираат во дел од попладневните и вечерните часови. На повисоките места, над 1300 метри, се очекува дел од врнежите да бидат од снег.

Попладне и навечер ќе дува умерен северозападен ветер.

Максималната дневна температура ќе има вредности во дијапазонот помеѓу 8°С и 2°С, а на југоисток до 15°С.

 

 

 

 

 

Во недела утрото ќе биде нешто постудено, низ котлините за околу 2°С постудено од сабота, а на повисоките населени места се очекува минимала околу -2°С.

 

Наутро ќе биде пооблачно во однос на остатокот од денот. Околу пладне облачноста нагло ќе се намали, а со тоа ќе очекуваме сончеви периоди.
Дневната максимална вредност на температурата во однос на сабота ќе биде повисока за околу 2°С.

 
 
19.02.2016 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега