Мајка доживеала хорор на пораѓање - докторот ја навредувал и пцуел

Шокантна приказна доаѓа од Винковец, Хрватска, од Фејсбук групата “Искуства на мајките во хрватските породилишта”. Таа тврди дека нејзиното бебе се родило мртво бидејќи нејзиниот доктор не сакал да и направи царски рез.

Според нејзините зборови, таа во породилиштето дошла во 5 часот наутро кога добила породилни болки. Во 7 часот и 30 минути и го пукнале водењакот и дале контракција. отворена била четири прста, но така останала 13 часа.

Околу 12 часот и 30 минути била отворена 9 прсти и бебето било во ред. Во 16 часот потпишала за царски рез, но докторот не сакал да ја породи на тој начин.

Во 20: 30 вели дека почнал пеколот. Докторот ја терал да скока иако му велела дека и се врти. Ја навредувал, пцуел и викал, па ја стискал по стомакот. Таа родила мртво бебе, иако претходно слушнала како му чука срцето.

hrvatska-porodiliste

 
 
18.02.2016 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега