Западнонилската треска ја нападна Грција

Седумдесет и осум годишен старец од Грција е прв нејзин жител кој годинава е сериозно инфициран со вирусот Западен Нил.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, човекот, за кој е потврдено дека во скоро време не патувал во странство, развил енцефалитис, откако бил заразен од вирусот кој го пренесуваат комарци.

Центарот за контрола и превенција на болести води кампања за подигнување на јавната свест за подобра заштита од комарци, кои годинава во Грција дојдоа многу порано и во голем број поради невообичаено топлата пролет.

најчитано сега