До сабота обновување на истечен договор со ЈП Паркинзи во Центар

 

ЈП Паркинзи на општина Центар ги известува жителите на населбата Капиштец и корисниците на нивните услуги, чии договори се истечени или набрзо истекуваат дека најдоцна до сабота треба да ги обноват истечените договори. 

За да го обноват истечениот договор потребно е граѓаните да достават лична карта и сообраќајна дозвола. Еднократниот надомест за обновување на истечен договор изнесува 100 денари. По обновување на истечениот договор се склучува нов во траење од една година. 

Со обновување на договорот, граѓаните добиваат нова налепница со која ќе можат бесплатно да го паркираат својот автомобил на отворените паркинзи во зона 1 и зона 2.

ФОТО: А1.он

 

најчитано сега