„Деца на сонцето“ во петок се снима во Скопје

 

Екипата на филмот „Деца на сонцето“ на режисерот Антонио Митрикески од петок почнува да снима во Скопје.

В петок, по 16 часот ќе се снимаат сцени во просториите на „Купром“ во Хром, сцена во која Сони (Данчо Чеврески) и Били (Александар Микиќ) ги тепаат Фурда (Емир Хаџихафизбеговиќ) и Марко (Кире Ѓорески).

На 21-ви или 23-ти овој месец во кафулето „Ѓезме“, по 21 часот ќе се снима сцена во која се Кире Ѓоревски, Мартин Мирчевски, Александар Микиќ. На 25 јули, по 23 часот ќе се снима ноќна сцена во Жена-паркот, со Ивана Павлаковиќ и Кире Ѓоревски. На 26 јули ќе се снима сцена во воз на Железничка станица во Скопје, исто така со Кире Ѓоревски и Ивана Павлаковиќ.

најчитано сега