Британија ги легализира истополовите бракови
Британија го усвои законот за легализирање на истополовите бракови.
Откако кралицата ќе го одобри законот, тој ќе стапи во сила, најверојатно до крајот на оваа недела.
Се очекува првите хомосексуални бракови да бидат склучени до средината на следната година.
Премиерот Дејвид Камерон лично го поддржа Законот за геј паровите.