Собранието го донесе Финансискиот план на МРТ за 2016 година

Собранието на Република Македонија попладнево со 49 гласа „за“ и 14 против ја донесе Одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2016 година.

Пратениците од опозицијата гласаа против Финансискиот план, бидејќи, според нив, јавниот радиодифузен сервис е претворен во партиски сервис.

Пратеникот Крсто Муковски од ВМРО- ДПМНЕ реплицирајќи рече дека пратениците од СДСМ се обидуваат да манипулираат со јавноста, односно со граѓаните. Тој  додаде дека во извештајот на ЕБУ стои дека МРТ има избалансиран однос меѓу позицијата и  опозицијата.

Во моментов МРТ, рече Мукоски, има најниски долгови, најрентабилно работи и тоа со најмал број вработени.

Претседателката на Програмскиот совет на МРТ, Снежана Клинчаровска нагласи дека македонските граѓани јавно  може да имаат увид во програмата и финансискиот план за 2016 година.

Таа додаде дека МРТ како активна членка на ЕБУ има еден од најмалите буџети, но и покрај тоа успева да ги реализира сите превземени обврски.

Нашиот буџет, рече Клиначрова е помал за три до 10 пати од оние на  од буџетите на радиотелевизиските сервиси на соседните земји.

Со гласањето на Одлуката за одобрување на Финансискиот план на  Македонската радио телевизија за 2016 година заврши работата по 91. седница.

 

 
 
16.02.2016 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега