Уште една несреќа во градинка - три дечиња настрадани

Три мали дечиња се здобиле со опекотини од прв степен додека во градинка се полиле со зовриена вода.

Децата биле од градинката Врик во Загреб, а инцидентот се случил додека воспитувачките правеле експеримент за да им покажат на децата што значи и како настанува зовриената вода. Од преголема љубопитност во еден момент го истуриле садот во кој се загревала водата и таа се истурила врз нив. Децата веднаш се префрлени во болница, и би требало да останат во наредните седум до десет дена. Едно од децата има изгореници и на стомачето, но лекарите очекуваат сите за кратко време да оздрават и да немаат видни последици.

Директорката на градинката изјавила дека воспитувачката е сеуште во шок и дека ситуацијата ја поднела многу стресно. Таа исто така вели и дека родителите не правеле проблеми и дека се благодарни што даечињата се веднаш згрижени во болница.

 

 
 
16.02.2016 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега