Најголемите производители на нафта го замрзнуваат производството: Еве што значи тоа за Македонија

Саудиска Арабија и Русија, двата најголеми производители на нафта се договорија за замрзнување на производството, а им се придружуваат и Катар и Венецуела.

- Замрзнувањето на производството на ниво на јануари ќе биде доволно, а ќе го задоволи побарувањето на купувачите, изјави министерот за нафта Али Ал-Наими откако е постигнат договор со рускиот колега Александер Новак. Во замрзнувањето на производството на нафта ќе учествуваат, според зборовите на Ал-Наими, уште и Катар и Венецуела, јавува Блумберг.

- Замрзнувањето нема да предизвика моментален пресврт, но креира подобри темели за опоравување на цената, им кажа на клиентите Оливиер Јакоб, директор за консултации за нафта во компанијата Petromatrix GmBh.

Овој договор на Русија и Саудиска Арабија го поттикнаа премногу ниските цени на нафтата во последните месеци.

Саудиска Арабија дневно во јануари произведувала 10,2 милиони барели нафта дневно, а Русија 10,9 милиони барели.

Што тоа значи за македонскиот пазар на нафтени деривати?

- Нашиот пазар се формира на таканаречениот медитерански пазар, главно со неколку недели задоцнување во однос на светските трендови, велат од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Велат дека е тешко сега да се предвиди кога и колку ќе пораснат цените на дериватите на македонскиот пазар, но тоа е многу веројатно сценарио во случај да се благодарение на замрзнувањето на производството стабилизира цената на нафтата на светскиот пазар.

 

 

 
 
16.02.2016 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега