Законот за пушењето денеска пред пратениците

Денеска во Собранието на Република Македонија е заседаваат комисиите за образование, наука и спорт, за економски прашања, за здравство и за одбрана и безбедност.

Пред Комисијата за образование е Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, Комисијата за економски прашања ќе расправа по Предлог законот за индустриски-зелени зони и по предлог измените на законите за јавните претпријатија и за трговските друштва, сите во прво читање, додека Комисијата за здравство ќе го разгледа предлог законот за заштита од пушењето во прво читање, поднесен од пратеникот Ивон Величковски.

На дневен ред на Комисијата за одбрана се предлог законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, како и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, двата во прво читање. 

најчитано сега