ЕВН најави исклучувања: Еве каде ќе бидат екипите
Од 10 до 17 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Грачани и месноста Чашка во општина Сарај.
Во временскиот период од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од Веле Поле и селата Кучково, Бојане, Радуша, Дворце, Орашје, Кондово, Долно и Горно Свиларе и Копаница, во општините Ѓорче Петров и Сарај.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „8“ во село Горно Соње, општина Сопиште и корисниците лоцирани на улицата „Лука Геров“ – подулици 2, 4 и 6 во општина Ѓорче Петров.
Без електрична енергија од 10 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Методија Шаторов – Шарло“, општина Аеродром, а од 8:30 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Ристо Шишков“, „Наум Наумовски – Борче“, „8-ми Март“, „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ и „Пајак“ во општина Центар.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, граѓаните ќе останат без струја поради технички зафати во електросистемот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа